Пристап до правда за најмаргинализираните

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ се спроведува во периодот јануари 2022-јули 2023 година од страна на Фондација Отворено општество -Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, финансиран од Европската Унија.

Целта на проектот е: да се овозможи заштита на човековите права преку правно зајакнување на бранителите на човекови права за унапредување на пристапот до правда за најмаргинализираните групи со фокус на Роми, луѓе кои живеат во рурални средини, лица кои употребуваат дроги, сексуални работници, деца и семејства во социјален ризик и други ранливи заедници.

Со проектот ќе се постигнат специфичните цели: 1.    Зголемен пристап до правда и правно зајакнување на маргинализираните граѓани преку континуирано обезбедување на квалитетни правни и параправни услуги;2.    Унапредено знаење и алатки на бранителите на човековите права и граѓанските организации за ефективна едукација и мобилизирање на граѓаните да преземат акција против нееднаквостите и да бараат остварување на законски гарантираните права; 3.       Креирани напредни политики и практики засновани на докази кои ги содржат пристапите за човекови права, ги намалуваат нееднаквостите во пристапот до основните јавни услуги (здравствени, социјални, итн.) и ги задоволуваат потребите на маргинализираните граѓани.

Со спроведувањето на проектните активности се очекува да се постигнат следниве резултати: Обезбедени 5.000 висококвалитетни бесплатни правни и параправни услуги на граѓаните со цел подобрување на здравствените, социјалните и други човекови права; Најмалку 4.500 едуцирани граѓани за законските права, како да препознаат прекршување и да бараат правда;          Ромите, луѓето кои живеат во руралните средини, децата и семејствата во социјален ризик, лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници се охрабрени да иницираат постапки за заштита на правата; Најмалку 1.500 информирани и едуцирани граѓани за тоа како да ги препознаат дезинформациите и придобивките од вакцинацијата против Ковид-19;       Иницирани индивидуални случаи поврзани со прекршување на здравствени, социјални и други човекови права; Организирани 2 обуки и инфо настани за градење на капацитетите на претставници на релевантни институции за унифицирање на процедурите и унапредување на услугите за маргинализираните граѓани; Надградени капацитетите на 45 бранители на човекови права (правници и параправници) и претставници од граѓански организации за тоа како да ги едуцираат и мобилизираат граѓаните да преземат акција против нееднаквостите и да бараат исполнување на правата; Спроведени активности од заложбите на Отвореното владино партнерство поврзани со приоритетите: Пристап до правда и пристап до јавни услуги;      Организирани 4 средби со релевантни институции во врска со усвојувањето на Националната програма за третман, грижа и поддршка на деца кои користат дроги.

Проектот ќе се имплементира преку групи на проектни интервенции/активности кои опфаќаат: Обезбедување на квалитетни правни и параправни услуги за унапредување на правата од здравствена и социјална заштита и други човекови права за маргинализираните заедници; Правно зајакнување на целните маргинализирани заедници да бараат остварување на човековите права; Едукација на маргинализираните граѓани да препознаат и изградат отпор против дезинформации поврзани со пандемии, како и промоција на важноста од потребата за вакцинацијата против Ковид-19 како човеково право, но и обврска од исклучителна важност за јавното здравје; Активности за видливост на проектот; Градење капацитети на граѓанските организации и на претставници на релевантни институции на национално и локално ниво за унапредување на нивните услуги; Идентификување системски пречки во остварувањето на здравствените, социјалните и другите човекови права на маргинализираните заедници и застапување за нивно надминување; Активности за застапување за унапредување на пристапот до правда за сите граѓани.