Сопственост и други стварни права

  • ПОДВИЖНИ СТВАРИ се оние кои во целост можат да се движат или поместуваат од едно место на друго, а притоа да не се оштети нивната суштина
  • НЕДВИЖНИ СТВАРИ се оние ствари кои не можат од едно место на друго да се движат и поместуваат, без притоа да не се оштети нивната суштина.
  • ПРОСТИ СТВАРИ се стварите составени од една иста или од различни материи и претставу- ваат единствена неделива физичка целина
  • СЛОЖЕНИ СТВАРИ се стварите составени од различни физички делови соединети во една физичка целина, како и од повеќе самостојни ствари кои ја сочинуваат таа целина
  • СОСОПСТВЕНОСТ е сопственост на повеќе лица кои имаат право на сопственост на неподелена ствар на која делот на секој од нив е определен сразмерно според целината
  • МЕЃА е заедничка гранична линија со која се разделуваат соседните земјишни парцели
  • ЗАЕДНИЧКА СОПСТВЕНОСТ е сопственост на повеќе лица на неподелена ствар кога нивните делови се определиви, но не се однапред определени
  • ЕТАЖНА СОПСТВЕНОСТ претставува сопственост на станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопственост на различни физички или правни лица