Наследување

  • НАСЛЕДУВАЊЕТО претставува пренос на правата, имотот, обврските и долговите на починатото лице врз неговиот наследник или наследници
  • ТЕСТАМЕНТ е еднострана изјава на последната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот, со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследници и кој дел од оставнината ќе му припадне на наследникот, односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство
  • ОСТАВИНАТА (НАСЛЕДСТВОТО) претставува збир од имотни права и обврски кои во случај на смрт на едно лице преминуваат врз други лица
  • ОСТАВИТЕЛ е лицето чиј имот во случај на негова смрт преминува на неговите наследници
  • НАСЛЕДНИЦИ се лицата на кои преминуваат стварите, имот ните права и обврски што оставителот ги имал во моментот на неговата смрт.
  • ДОГОВОР ЗА ИЗДРШКА е договор склучен помеѓу давателот на издршката и примателот на издршката во кој давателот на издршката  се обврзува да го издржува примателот на издршката или некое трето лице, а примателот на издршката во надомест му го остава целиот свој имот или определен дел од имотот, чие предавање е одложено се до неговата смрт
  • ДАВАТЕЛ НА ИЗДРШКА може да биде физичко или правно лице, односно полнолетно лице со потполна деловна способност