Социјална парична помош

3,177

Ана остварува право на социјална парична помош веќе три години и до сега никогаш не работела и не добила хонорар. Таа е љубител на игрите на среќа и редовно си купува грепка за еден ден да добие 6000 денари добивка. Ана ги подигнала овие средства и ги потрошила. После два месеци Ана добила решение со кое и се укинува социјалната парична помош од причина што не ја пријавила добивката во Центарот за социјална заштита.

  • Кој може да го користи правото на социјална парична помош?

Работоспособен, но невработен граѓанин, активен барател на работа, кој по други основи не може да обезбеди средства за егзистенција. Истовремено, не поседува автомобил, од недвижност поседува само куќа/стан во кој живее, а неговите месечни приходи по сите основи се помали од висината на социјалната парична помош.

  • Дали парите добиени како хонорар од сезонска работа, паричните и стокови добивки од игри на среќа треба да се пријават во Центарот за социјална заштита и зошто?

На лицето, кое остварило право на социјална парична помош, му престанува правото на социјална парична помош ако се утврди дека дало нецелосни или невистинити податоци за семејната и материјалната состојба, како и за состојбата со имотот и имотните права, или ако не извести за настаната промена во материјалната, семејната и имотната состојба за себе и членовите на домаќинството. Во таков случај, во решението за престанок на правото се определува дека правото не може да се оствари во наредните 12 месеци.

  • Како треба да се извести Центарот за социјална заштита за промената на семејната,материјалната состојба и состојбата со имотот и имотните права, настаната по добивка на одреден хонорар или награда?

За промената на семејната и материјалната состојба и состојбата со имотот и имотните права, Центарот за социјална заштита се известува ПИСМЕНО.