Работни односи

  • РАБОТЕН ОДНОС е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот
  • РАБОТНИК е секое физичко лице кое е во работен однос врз основа на склучен договор за вработување
  • РАБОТНИК НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ е лице ангажирано со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан
  • РАБОТНИК НА НЕОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ е лице ангажирано со договор за вработување на неопределено време
  • РАБОТОДАВАЧ е правно и физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување
  • РАБОТНО ВРЕМЕ е секој период во кој работникот работи и е на располагање на работодавачот за извршување на работите и работните задачи согласно со закон;
  • ВРЕМЕ ЗА ОДМОР е секој период кој не е работно време
  • РАБОТА ВО СМЕНИ значи секоја метода на организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едни по други на исто работно место во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано или со прекини, вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели
  • ПРЕТПРИЈАТИЕ значи јавно претпријатие,трговско друштво или трговец поединец, што врши трговска дејност, без разлика дали работи за профит или не, кое се наоѓа на територијата на земјите членки
  • КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ се подразбираат договори што мораат да ги почитуваат сите претпријатија во таа географска област и од одделна струка или економската гранка
  • ПРЕТСТАВНИЦИ НА РАБОТНИЦИТЕ се претставниците на работниците предвидени со закон и со законите на земјите членки на Европската Унија