Социјална заштита

  • Право на ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.
  • За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош, согласно со овој закон.
  • НАДОМЕСТОК ЗАРАДИ ПОПРЕЧЕНОСТ се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е: со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост и потполно слепо лице и- потполно глуво лице.Надоместок заради попреченост може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.
  • Право на надоместок за ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ има лице со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи.
  • Правото на НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи.
  • Право на ТРАЕН НАДОМЕСТОК има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство и родител кој се грижел за детето со попреченост.
  • ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ или помош во натура се доделува на лице или на семејство кое се нашло во состојба на социјален ризик, како и на лице и семејство заради претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа на член на семејството.

Повеќе информации за постапката за остварување на правата од социјална заштита ТУКА