Нужен наследник

7,512

Илија живее сам во просторија која се наоѓа на имотот на неговиот татко, тој не е вработен и е самец. На овој имот во куќа живеат и неговите двајца браќа со нивните семејства и нивниот татко. По смртта на таткото (мајка му е почината пред 3 години) неговите двајца браќа и неговата сестра го известуваат Илија дека ќе поведат оставинска постапка за имотот пред нотар, но дека од имотот на татко му за него нема дел затоа што таткото имотот го разделил и за него нема наследство.
• Кои наследни права ги има Илија?
Согласно Законот за наследување Илија е нужен наследник како дете на оставителот и како нужен наследник има право на нужен дел од оставината што изнесува една половина од делот што би му припаднал како законски наследник без оглед на тоа дали се откажал од наследство или е недостоен да наследи или пак е исклучен од наследство.
Во случај кога е повреден нужниот дел, располагањата со тестаментот ќе се намалат, а подароците дадени во последните 90 дена од животот на оставителот ќе се вратат колку што е потребно за да се надополни нужниот дел.
• Како да постапи Илија за да ги заштити своите права?
Илија може да бара со тужба намалување на располагањата со тестаментот или враќање на поклоните дадени 90 дена од животот на оставителот. Правото на поднесување на тужба застарува за 3 години од прогласувањето на тестаментот (ако има тестамент) а вракањето на поклоните во рок од 3 години од смртта на оставителот.