Граѓанско право

  • ФИЗИЧКО ЛИЦЕ станува секое лице од моментот на раѓањето па се до смртта. За да постои физичко лице како субјект на правото суштеството мора да исполнува два предуслови да е живородено и да има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава правни задолженија и правни овластувања.
  • ПРАВНАТА СПОСОБНОСТ е единствена и неделива значи таа не може да се намалува или пак ограничува. Во современиот свет, правната способност не е ограничена ниту од полот, расната, верската или која било друга припадност. Да се намалува може деловната способност на физичкото лице, но не и правната. Правната способност е способноста на физичкото лице како субјект на правото, да биде носител на правни овластувања.
  • ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ е способноста на физичкото лице како субјект на правото да може самостојно со свои дејствија да учествува во правниот сообраќај, да создава или укинува правни односи.
  • ЖИВЕАЛИШТЕ е местото каде лицето живее постојано
  • ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ е местото во кое лицето се наоѓа привремено
  • ДРЖАВЈАНСТВО е припадноста на лицето кон една држава
  • ПРАВНО ЛИЦЕ претставува колектив на физички лица кои се здружуваат заради постигање на одредена цел и на кои согласно правото им е признаено својството на правен субјект
  • РОК е временски услов од кој зависи преземањето на одредени дејствија.
  • ТУЖБА претставува документ со кој едно лице се обраќа до судот заради заштита на одредено право кое смета дека му е повредено од друго лице
  • ЗАСТАРЕНОСТ е губење на права по истекот на одреден временски период
  • ЗАСТАПУВАЊЕ е вршење на правни дејствија во туѓо име и за туѓа сметка врз основа на претходно дадено овластување.