Имотно-правни односи

  • ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА претставува договор со кој продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост , а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената
  • ДОГОВОР ЗА ЗАКУП претставува договор со кој закуподавецот се обврзува да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина
  • ДОГОВОР ЗА ДЕЛО претставува договор со кој вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надоместок
  • ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ е договор за дело со кој изведувачот се обврзува да изгради според определен проект во договорениот рок определен градеж на определено земјиште, или да изврши на такво земјиште односно на веќе постоен објект некакви други градежни работи, а нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати определена цена
  • СОЛЕМИЗАЦИЈА претставува потрвда на приватна исправа од страна на нотар, односно давање на правна сила на таа исправа со што нотарот потврдува дека содржината на исправата е во согласност со волјата на договорните страни