Социјална заштита

Право на ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува. За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување […]

Сопственост и други стварни права

ПОДВИЖНИ СТВАРИ се оние кои во целост можат да се движат или поместуваат од едно место на друго, а притоа да не се оштети нивната суштина НЕДВИЖНИ СТВАРИ се оние ствари кои не можат од едно место на друго да се движат и поместуваат, без притоа да не се оштети нивната суштина. ПРОСТИ СТВАРИ се […]

Семејни односи

СЕМЕЈСТВО е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство БРАК  претставува доброволна заедница на живот меѓу брачните другари, каде брачните другари се должни еден на друг да се верни, да си помагаат, да се грижат за семејството ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА е заедница на живот на маж и жена која […]

Работни односи

РАБОТЕН ОДНОС е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот РАБОТНИК е секое физичко лице кое е во работен однос врз основа на склучен договор за […]

Имотно-правни односи

ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА претставува договор со кој продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост , а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената ДОГОВОР ЗА ЗАКУП претставува договор со кој закуподавецот се обврзува да му предаде определен предмет […]

Наследување

НАСЛЕДУВАЊЕТО претставува пренос на правата, имотот, обврските и долговите на починатото лице врз неговиот наследник или наследници ТЕСТАМЕНТ е еднострана изјава на последната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот, со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или […]

Здравствена заштита

ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА опфаќа систем на општествени и индивидуални мерки, активности и постапки за: – зачувување и унапредување на здравјето, – спречување, рано откривање и сузбивање на болести, повреди и други нарушувања на здравјето предизвикани од влијанието на работната и животната средина, – навремено и ефикасно лекување и – здравствена нега и рехабилитација ЈAВНО ЗДРАВЈЕ е […]

Граѓанско право

ФИЗИЧКО ЛИЦЕ станува секое лице од моментот на раѓањето па се до смртта. За да постои физичко лице како субјект на правото суштеството мора да исполнува два предуслови да е живородено и да има човечки облик. Физичкото лице е секое суштество на кое правото му признава правни задолженија и правни овластувања. ПРАВНАТА СПОСОБНОСТ е единствена […]

Семејно насилство

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО (согласно Кривичниот законик на РМ) e малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема […]