Договор на определено време

4,818

Маја е вработена со договор за вработување на определено време веќе шеста година во истото училиште како редовна наставничка по математика.  Секоја учебна година Маја случува договор за вработување од септември до јуни. Шестата година Маја поведува работен спор пред надлежен суд за трансформација на работен однос од определено во неопределено време.

  • Дали Маја треба да биде вработена со договор на неопределено време по истекот на петтата година?

Договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин до пет години. Согласно Законот за работни односи Маја има право да биде вработена на неопределено време.

  • Како треба да постапи Маја?

Најпрво Маја треба да се обрати до работодавачот со барање за трансформација на работен однос. Доколку работодавецот не постапи по барањето потребно е да поднесе инцијатива до Државен трудов инспекторат за покренување на надзор. Инспекторатот откако ќе утврди неправилности, ќе му наложи на работодавецот да го трансформира работниот однос и ќе му даде рок во кој работодавецот ќе треба да ја изврши трансформацијата. Доколку работодавецот и понатаму не постапи, инспекторатот ќе поведе прекршочна постапка против работодавецот, а Маја треба да поведе судска постапка пред суд.