Семејно насилство

  • СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО (согласно Кривичниот законик на РМ) e малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.
  • ЖРТВА НА КРИВИЧНО ДЕЛО е секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело.
  • ДЕТЕ КАКО ЖРТВА НА КРИВИЧНО ДЕЛО е малолетно лице до 18 години кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело.
  • СЕМЕЈСТВО е брачниот другар, вонбрачниот другар, децата, родителите, браќата и сестрите и други роднини со кои лицето живее во семејна заедница.
  • СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО (согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство) е малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
  • СТОРИТЕЛ на семејно насилство е секое лице кое врши дејствие на насилство;
  • ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО е секое лице кое на територија на Република Македонија трпи насилство.
  • БЛИСКИ ЛИЧНИ ОДНОСИ се лични односи меѓу лица кои се или биле во партнерски односи.
  • ДЕТЕ е секое лице на возраст до 18 години.
  • ТЕЛЕСНО/ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО е секое дејствие на примена на физичка сила или дејствие со кое се нарушува здравјето на жртвата.
  • ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО е секое дејствие кое предизвикува чувство на страв, загрозеност, вознемиреност или повреда на достоинството и итегритетот на жртвата.
  • ДЕМНЕЊЕ е намерно повторено заканување кон жртвата, кое предизвикува истата да се плаши за својата безбедност.
  • СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО е секое дејствие на сексуален акт и сексуално вознемирување врз лице без дадена согласност.