Семејни односи

  • СЕМЕЈСТВО е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство
  • БРАК  претставува доброволна заедница на живот меѓу брачните другари, каде брачните другари се должни еден на друг да се верни, да си помагаат, да се грижат за семејството
  • ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА е заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на Законот за семејство и која траела најмалку една година. Истата е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница
  • РАЗВОД НА БРАК е престанок на полноважен брак за време на живот на брачните другар со одлука на надлежен орган
  • ЗАЕДНИЧКИ ИМОТ е стекнатиот имот во текот на бракот и тоа е законски имотен режим законски определен и брачните другари не можат да се договорат во нивниот брак да важи поинаков правен режим од оној што е регулиран со одредбите на Законот за сопственост и други стварни права
  • ПОСЕБЕН ИМОТ НА ЕДЕН ОД БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ е имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот (значи пред стапувањето во брак). Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не преставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот како што се скапоцен накит, крзнена скапа бунда, патничко возило регистрирано само на еден од брачните другари кој исклучиво само тој го користи и слично.
  • ИЗДРЖУВАЊЕТО НА ЕДЕН ОД БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ претставува последица од развод на брак тогаш кога еден од брачните другари нема средства за живот и е неспособен за работа или е невработен.
  • ИЗДРЖУВАЊЕ НА ДЕТЕ е обврска на двајцата родители на детето солидарно за време, но и по престанок на бракот