Како Марија да се заштити кога докторот одбива да ја лекува?

769

Запознајте ја Марија. Нејзиниот стоматолог одбива да ја прегледа затоа што е носител на вирусот хепатитис Ц.

  • Кое право на Марија е прекршено?

Во овој случај на Марија и е прекршено правото на остварување на здравствена заштита.

  • Каде Марија да се обрати откако ова нејзино право било прекршено?

Марија има право да  се обрати до директорот на јавната установа.

  • Како да постапите доколку се најдете во иста или слична ситуација?

Можете да поднесете претставка во писмена форма или усно на записник до директорот на јавната здравствена установа, по што задолжително е одржување на состанок со подносителот на претставката, прибирање и анализа на податоци за фактите и околностите од значење за оценување на наводите во претставката и преземање на потребни дејствија и мерки за остварување на правата на подносителот на претставката. Притоа, директорот е должен да и одговори на Марија за основаноста на претставката во рок од 15 дена од приемот на претставката.