Дали Ана е дискриминирана и кои закони ја штитат на работното место?

733

Запознајте ја Ана. Вработена е во приватна фирма, но откако нејзиниот работодавач дознава дека е бремена, без објаснување, ѝ врачува отказ.

  • Кои закони ја заштитуваат Ана?

Ана ја заштитуваат Законот за работните односи,  Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и конвенциите на Меѓународната организација на трудот како: Конвенцијата за заштита на мајчинството и Конвенцијата за работници со семејни обврски.

  • Дали Ана е дискриминирана?

Дискриминација преставува секое неповолно однесување од страна на едно лице насочено кон деградација на личноста на друго лице, како во секојдневниот реален свет, така и во работните односи. Во конкретниот случај се работи за директна дискриминација по основ на бременост, односно врз основа на личен статус, семејна и брачна состојба.

  • Каде може Ана да се обрати за решавање на нејзиниот проблем?

Ана може да се обрати до следниве државни институции: Комисијата за заштита од дискриминација, Државен инспекторат за труд и Народен Правобранител. Ана правото на заштита може да го оствари и пред надлежниот суд.

  • Во кои случаи може работодавачот да го отпушти работникот?

Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот), поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина). Во конкретниот случај,

  •   Во кои случаи работодавачот може да го отпушти работникот во случај кога е ангажиран со Договор на определено време?

Работодавачот може да го прекине склучениот Договор на определено време со отказ доколку не е задоволен од неговата работа ( и тоа пред престанок на самото важење на Договорот), за определениот рок за кој е склучен, доколку се исполни целта за кој е склучен (работа на проект и сл.) и според други начини согласно Законот за ранотни односи.

  • Како да постапите доколку се најдете во иста или слична ситуација?

Обратете се до следните институции:

 

Комисија за заштита од дискриминација: тел. (02) 3 232-242

Државен инспекторат за труд: тел. (02)3 106-291

Народен правобранител: тел.(02) 3 129-335