Обука за параправници кои ќе ги застапуваат правата на лицата кои употребуваат дроги

571

Во приодот од 16 до 18 јуни се одржа тридиневна онлајн обука за параправници во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Обучените параправници ќе ги застапуваат правата на лицата кои употребуваат дроги, како една од најмаргинализираните заедници во општеството. Области кои беа покриени на обуката беа: мисија и визија на ХОПС, човекови права, дискриминација, законска рамка поврзана со дроги и улога на параправници и правниот сервис на ХОПС.  Правдата треба да е достапна за сите групи и заедници во општетсвото, без разлика на нивниот социјален, здравствен или економски статус, а параправнциите претставуваат линк помеѓу овие заедници и организациите и понатаму, институциите.

Ова е една од циклусот обуки предвидени во  периодот кој следи, во рамки на  проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ имплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Станица П.Е.Т. од Прилеп, а финансиран од Европската Унија.