Се одржа сесија за правно зајакнување во Куманово

749

Во рамките на проектот: “Пристап до правда во Македонија” на ден 22.06.2018 година во Куманово, со почеток во 18:30 часот се одржа сесија за правно описменување прва од областа на извршување, како редовна активност во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, организирана од страна на Национален ромски центар – Куманово, со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.

На сесијата присуствуваа 21 лице од општина Куманово, корисници на услугите на здружението Национален ромски центар – Куманово, а модератор на сесијата беше Ивана Маринковска – правник во Национален ромски центар Куманово.

Целта на настанот е зголемување на нивото кај граѓаните за познавање на правните проблеми и можностите за остварување на правата загарaнтирани со закон преку елементарни запознавања на правните механизми кој законот ги дава на располагање.