ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРАВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ – ГРАДЕЊЕ НАЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА ПРАВНИ УСЛУГИ БАЗИРАНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

1,169

Од 6 до 8 февруари 2017 година во Струмица, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, а во рамки на Заедничката рамка за правно зајакнување, се одржа работилница за правно зајакнување – градење национални системи за правни услуги базирани во заедницата.

На работилницата учествуваа 18 граѓански организации – обезбедувачи на правна, бесплатна правна и параправна помош, како и претставници на Министерството за правда на Република Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ –  Скопје.
Главна цел на одржување на работилницата беше развивање на заедничка ефективна и остварлива стратегија за правно зајакнување во грдењето на национален систем за правни услуги базирани во заедницата.

На настанот беа разменети искуства помеѓу сите учесници во областа на правното зајакнување на граѓаните во чии рамки беа аналзирани организациските потреби, како и анализа на околината; утврдување на општи стратешки цели на иницијативата и стратешки фокуси; утврдување на стратешки цели во рамки на дефинираните стратешки фокуси; анализа на засегнати страни по стратешки фокуси; детектирање на основните претпоставки за планираните постигнувања; подготовка на листа на активности и резултати во рамки на стратешките фокуси; подготовка на детален годишен акциски план; подготовка на концепт за финансиска одржливост на интервенциите.