Дали правото на Мартин на социјална парична помош е нарушено?

2,958

Запознајте го Мартин. Тој е корисник на социјална парична помош. Мартин работеше како сезонски работник за што доби хонорар по што му е укината социјалната помош.

  • Кое право на Мартин е прекршено?

Според Законот за социјалната заштита, правото на социјална парична помош не може да го оствари лице кое:

  • Може само да се издржува, ако може да остварува приходи со продажба или со давање под закуп на имот на кој тој и членовите на неговото домаќинство не го користат, за задоволување на минимална егзистенција.
  • Не побарало издржување од лице кое е должно да го издржува согласно со Законот за семејство, освен ако центарот за социјални работи утврди дека лицето кое според закон е должно да го издржува би останало без минимум средства за егзистенција, пониски од 5000 денари.
  • Ако има слкучен договор за доживотна издршка,а не покренало постапка за негово раскинување и може да обезбеди издржување по друга основа.

Мартин е должен да го извести Центарот за социјална работа за неговиот ангажман и добиениот хонорар, за да не го изгуби правото на социјална парична помош.

  • Согласно Законот за социјална заштита која е обврската на Мартин при сезонска работа?

Мартин има обврска да го извести Центарот за социјална работа за настанатата промена во материјалната, семејната и имотната состојба за себе и членовите на домаќинството, а кои влијаат за остварување на правото и висината на социјалната парична помош правото.

Право на социјална парична помош не може да оствари, односно му престанува правото на лицето или домаќинството кое дало нецелосни или невистинити податоци за семејната, материјалната состојба и состојбата со имотот и имотните права.

  • Во која форма потребно е да бидат известувањата до Центрите за социјална работа?

Известувањата до Центарот за социјална работа треба да бидат во писмена форма. Носителот на правото на социјална парична помош е должен еднаш годишно да поднесе документација за материјалната и бројната состојба на домаќинството.

Носителот на правото на социјална парична помош е должен да ја потврди состојбата на месечните приходи за себе и сите членови во домаќинството, при поднесувањето на барањето и во текот на користењето на правото.

  • Дали Мартин може повторно да го оствари ова свое право и кога?

Мартин може повторно да поднесе барање за социјална парична помош по истекот на 12 месеци од денот кога со Решение ова право му било прекинато.

  • Како да постапите доколку се најдете во иста или слична ситуација?

Најпрвин ској граѓанин има обврска да го извести Центарот за социјална работа за финансиската промена настаната поради сезонската работа.

Доколу се најдете во ситуацијата на Мартин поднесете  жалба по донесеното решение бидејќи е повредено правото на социјална заштита, правото на социјална парична помош.