Подкаст: Економско-енергетската криза и сексуалната работа

147

Слушнете го најновиот подкаст „На доручек со Miss Strawberry (МДМФ)“ во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“.

Гостинки на подкастот се една сексуална работничка и една теренска работничка кои говорат за ситуацијата на отворена и затворена сцена во Скопје во периодот откако е настаната енергетската и економската криза и предизвиците и промените со кои се соочуваат сексуалните работници оттогаш.

Овој подкаст е изработен во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува во периодот јануари 2022-јули 2023 година, од страна на Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ, финансиски поддржан од Европската Унија.