Поседување и употреба на канабис

7

Друштво од околу 10-тина млади момчиња и девојчиња од исто маало се собрани во вечерните часови, полемизираат и разговараат на разни теми и додека разговараат пушат канабис (џоинт). Мартин, Сања и Баки останале подоцна од другите и седнале на клупа пред Болницата за лекување од зависности во Кисела Вода. Одеднаш се појавило возило кое возело премногу брзо за населеното место и на другарите им станало дека се работи за полициско возило со оглед на местото каде што седеле. Во тој момент Мартин кој во себе имал паковка ризли ја фрлил од паника знаејќи како функционираат нашите закони. Автомобилот се паркирал, полициските службеници излегле надвор и едниот од нив им рекол: “Ајде сега вадете лични карти“, едно од девојчињата го прашала: “Извинете, веќе кога барате лични карти, треба и Вие да се претставите, бидејќи немате униформа и не знаеме кои сте?“ полицаецот дрско и се обратил на девојката, да не покажува многу знаење и дека за неа специјално ќе повика женско лице за да ја идентификува. Останатите полициски службеници со батерии разгледувале наоколу бидејќи забележале дека некој фрлил нешто “РИЗЛИТЕ НА  МАРТИН“. Тројцата полицајци кои разгледувале, ги нашле ризлите, и му рекле на Мартин: “И сега, за што ти се овие?“, Мартин им одговорил дека витка тутун во нив: “Еве видете само тутун имам, немаше други соодветни, па купив вакви“, во тој момент еден од останатите полициски службеници викнал “еве најдовме“ отпушок од џоинт (канабис). Девојката била ослободена, но Баки и Мартин ги однеле во полициска станица, биле малтретирани цела вечер, да кажат од каде ја купиле дрогата, на кого сакаат да ја продадат, да местат други лица ако сакаат да излезат и слично. 

Дали полициските службеници при извршување на полициски задачи, треба да се легитимираат?

Полицискиот службеник при извршување на полициски овластувања и задачи, доколку е во униформа е должен да се легитимира.

Кога полицискиот службеник е во цивилна облека, должен е најнапред да се легитимира. По исклучок, полицискиот службеник не мора да се легитимира ако реалните околности за примена на полициските овластувања укажуваат дека би можело да се загрози постигнувањето на нивната цел, во тој случај полициските службеници ќе се најават со зборовите “полиција”. Кога ќе престанат тие околности, полицискиот службеник е должен да се легитимира.

Дали употребата на дрога, претставува кривично дело?

 Употребата на дрога не претставува кривично дело. Кривично дело е неовластено производство, преработување, организирање на производство и промет. Забранета е продажба, нудење за продажба и купување за продажба, поседување или пренесување за продажба на дрога (чл.215 од Кривичниот Законик)

Додека пак, доколку дрогата се употребата на јавно место, претставува прекршок согласно чл.20 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, за кој може да се добие парична казна/глоба.

Дали последувањето на дрога преставува кривично дело?

Не е кривично дело – мора да се докажува намера за продажба. Законот предвидува одземање на дрога, но не и казнување за поседување кое не е наменето за продажба.

Поседувањето единствено се казнува со глоба/парично со чл.93 од Законот за контрола на опојни дроги и др.психотропни супстанци – глоба во висина од 3.000 до 5.000 евра.