Се одржа oбука за креативен активизам

51

Во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ во периодот од 13 до 16 септември во хотел Белведере во Охрид се одржа обука за бранители на човекови права кои работат во повеќе заедници. На обуката присуствуваа 14 учесници од 6 граѓански организации кои обезбедуваат правна и параправна помош за ранливи групи граѓани. Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со концептот на креативен активизам и како преку креативни акции може да се предизвикаат промени во општеството.

Во рамки на обуката беа развиени четири сценарија за креативни акции за претходно идентификуваните проблеми во заедниците.

—————————————————

Обуката е организирана во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т., а финансиски е поддржан од Европската Унија.