Спроведена акција во заедницата во рамки на Д-Фестивал

11

Оваа година претставници на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со тимот на параправници за поддршка на луѓе кои употребуваат дроги, во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“повторно се мобилизираа за Community action (акција во заедницата) на Д-Фестивал, кој се одржа во периодот 1-3 јули.

На катчето на ХОПС можеше да се најдат различни материјали за информирање и намалување на штети поврзани со употреба на дрога, насилство (вклучително и родово-базирано) кај луѓе кои употребуваат дроги, како и промотивни материјали од проектот. Во сабота, на 2-ри јули, беше одржана и работилница на тема: Ризикот од употреба на психоактивни супстанци на музички настани.

————————————————————————————————————-

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Станица ПЕТ , а финансиски е поддржан од Европската Унија.