Обука за претставници на граѓански организации и бранители на човекови права

89

Во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ во периодот од 21 до 22 јуни во хотел Манастир во Берово се одржа обука за претставници на ГОи и бранители на човеови права кои работат во заедницаата. На обуката присуствуваа 25 учесници од 7 ГОи кои обезбедуваат правна и параправна помош за ранливи групи граѓани. Целта на обуката беше зајакнување на вештините и знаењата на учесниците при мобилизација на заедницата со цел самите да препознаат прекршување на човековите права и да знаат каде да се обратат кога истите се прекршени.

Фокусот на обуката беше на концептите на социјална отчетност, правно зајакнување, мониторинг и мобилизација на заедницата. Преку практични примери и работа во групи овие концепти беа доближени до учесниците со цел нивна примена во секојдневната работа.

Обуката е организирана во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т., а финансиски е поддржан од Европската Унија.