Обука за параправници

149

ХОПС ја одржа првата дводневна обука од циклусот на обуки кои следат за параправници кои даваат совети и помош на заедниците со кои работи организацијата – сексуални работници и луѓе кои употребуваат дрога.  

Обуката се одржа на 4ти и 5ти мај, 2022 година и имаше цел да ги зајакне капацитетите на параправниците за презентирање и пренесување информации и обезбедување параправна помош. Обучувачките Деспина Стојановска и Маргарита Глигуровска се фокусираа на пристапи на комуникација со маргинализирани заедници, методи и алатки за успешна мобилизација на луѓето од заедниците и нивно запознавање со услугите што ги нуди ХОПС. Понатаму, беше презентирано што претставува и која е улогата на параправната помош и начинот на кој таа се спроведува/имплементира во програмите на ХОПС. Обуката беше интерактивна и учесниците имаа прилика да споделат лични искуства како и да стекнат вештини преку практични примери и вежби.

……………….

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица ПЕТ, финансиран од Европската Унија.