Oбука за параправници кои работат со лица кои употребуваат дроги

256

На 14 септември, во Цреша бар во Скопје, се одржа последната обука од циклусот обуки за параправници, преку проектот Пристап до правда за најмаргинализираните.  Оваа обука се фокусираше на препознавање и заштита на новите форми на родово базирано насилство (РБН), кои беа новини од  Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.   Се зборување за новите форми но и проширените надлежности на институциите, од апсект на заштита од РБН. Првиот дел од обуката го спроведуваше Хајди Штерјова Симоновиќ, адвокатка и извршна директорка на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Вториот дел од обуката беше  беа Медицински аспект на  болести на зависности и видови лекување.Овој дел беше по  барање на самите параправници, за да добијат повеќе знаења за самите болести на зависности и третманот на истите. Вториот дел на обуката го одржа Др Дарко Костовски, Психијатар во Клиниката 8ми Септември, долгогодишен соработни на ХОПС – Опции за здрав живот и еден од основачите на организацијата.

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица ПЕТ, финансиран од Европската Унија.