Гласајте за заложбата од Северна Македонија на глобалниот натпревар за Oтворено владино партнерство

8

Гласањето е отворено од 18 до 22 октомври 2021 година

Глобалната иницијатива Отворено владино партнерство, во пресрет на одбележувањето на својата 10-годишнина, ја воведува Наградата за Отворена влада, со цел да ги препознае највлијателните заложби од ова партнерство, кои значително и во пракса го подобрија животот на луѓето или квалитетот на демократијата.

Во рамките на овој глобален натпревар, Република Северна Македонија учествува со следната заложба:

„Воспоставување нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа“

North Macedonia | Transparent & Accountable Local Government

Најдобрите зaложби ќе бидат избрани директно од страна на граѓаните, со непосредно гласање, достапно на следниот линк https://www.opengovpartnership.org/open-government-awards/ogp-impact-awards-europe-region/

Се гласа за најдобрата заложба во секој од четирите региони на ОВП – Европа, Америка, Азија Пацифик и Африка и Среден Исток. Гласањето за оваа награда ќе биде отворено во периодот 18 – 22 октомври 2021 година. Ве повикуваме да се вклучите и да го дадете вашиот глас! Да ја подржиме нашата ОВП заедница!

Повеќе за заложбата:

Заложбата „Воспоставување нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа“ беше избрана врз основа на препораките на Независниот механизам за известување и изборот на нашата ОВП заедница – Советот за ОВП, Мрежата на граѓански организации за ОВП и чинителите директно вклучени во креирањето и спроведување на заложбите. Со спроведувањето на заложбата беа воведени иновативни алатки за зголемување на транспаретноста на општините во Северна Македонија. Најобемната активност резултираше со креирање електронска алатка која на општините им овозможува да им ги прикажат на граѓаните финансиското работење и реализацијата на буџетот на разбирлив начин. Досега, вкупно 39 општини ја препознаа ефикасноста и практичноста на оваа алатка и ја користат за споделување финансиски податоци, на тој начин придонесувајќи кон подобрување на фискалната транспарентност на локално ниво и кон информирано креирање на општинските политики. Преку втората активност, насочена кон подобрување на транспарентноста на општинските совети и отчетноста пред граѓаните, во вкупно 18 општински совети беа воведени дигитални технологии кои овозможија седниците на Советите да се пренесуваат во живо на социјалните медиуми. Третата активност пак, насочена кон вклучување на граѓаните во процесот на одлучување на локално ниво, им овозможи на граѓаните од 24 општини заеднички да ги креираат локалните приоритети што резултираше со реализација на 33 проекти кои ги подобрија јавните услуги во областа на образованието, спортот и социјалната заштита со фокус на ранливите категории граѓани.