Одржано продожение на осмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018 – 2020

1

На 23 јули 2021 се одржа продолжение на осмата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

На седницата присуствуваа  членови на Советот: ко-претседателката Маја Петковска Лесес – Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија; Ели Чакар – Министерство за локална самоуправа; Миша Поповиќ – Институт за демократија Социетас Цивилис; Горан Мојаноски – Министерство за финансии; Дарко Антиќ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Ивона Сталевска – Фондација Отворено општество – Македонија; Маја Коневска – Државна комисија за спречување на корупцијата како и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство при Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), Адриан Абази и Владимир Серафимовски од МИОА.

На денешното продолжение на седницата, беа донесени следните заклучоци:

  1. Усвоен Записникот од седмата седница на Советот, одржана на 28 декември 2020 година, со 7 гласови ЗА;
  2. Советот ги разгледа предложените заложби и констатира дека се усогласени и прифатени од страна на надлежните институции, а притоа критериумите за оценување на релевантноста и поврзаноста со начелата на ОВП се запазени уште во раната фаза на подготовка на Акцискиот план за 2021-2023 година;
  1. 3. Нацрт-текстот со предложените заложби да се стави на јавна консултација и да се достави на мислење до органите на државната управа. По усогласување на текстот, Нацрт – Акцискиот план за ОВП да се достави на разгледување до членовите на Советот во првата половина од септември 2021 година.