Анализа за следењето на имплементацијата за ЦОР 16.3. на национално ниво-главни наоди

53

Наспроти декларативните заложби, во изминатите три години нема суштинско подобрување на состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во државата. Владата сè уште нема усвоено план за имплементација на целта 16.3., ниту пак алоцирано соодветни финансиски, човечки и технички ресурси за нејзино постигнување. Исто така, не се преземени ниту дејствија за унапредување на системот за собирање податоци, што го оневозможува соодветното планирање, следење и оценување на имплементацијата на оваа цел на национално ниво. Ранливите групи граѓани се соочуваат со сериозни бариери при остварувањето на пристапот до правда и решавањето на правните проблеми со кои се соочуваат, што стана особено видливо за време на пандемијата со Ковид -19.

Прочитајте ги главните наоди од анализата на следниот линк https://bit.ly/2YcQyRH

*Публикацијата е дел од проектот Пристап до правда за најмаргинализираните кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т., финансиран од Европската Унија.