Се одржа летна школа за параправници

21

Во периодот 28-30 јули во х. Дрим во Струга, се одржа Летна школа за параправници „Правдата не е привилегија“, на која параправниците од ромската и руралните заедници од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени имаа можност да ги обноват своите знаења од областите пристап до правда, социјална заштита, работни односи и лична документација, како и да дискутираат за постоечките предизвици во нивната работа.

* Активноста е дел од проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Станица ПЕТ, со поддршка од Европската Унија.