ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ во периодот од октомври 2019 до декември 2020 година

178

Правото на пристап до правда е едно од основните
човекови права кое има суштинско влијание врз пристапот до
загарантираните фундаментални права. Правото на бесплатна
правна помош обезбедува рамка и стандарди за достапност на
пристапот до правда за сите, а особено за најмаргинализираните групи граѓани, за кои од најразлични причини правдата
е потешко достапна. Зајакнувањето и обезбедувањето на пристапот до правда за сите групи лица значи дека со реална, квалитетна и отчетна правна рамка и со добри и одговорни практики за пристап до бесплатната правна помош општеството ги
зајакнува поединците придонесувајќи кон поголема заштита
на човековите права и зголемена правна сигурност.

Прочитајте го Извештајот за примената на Законот за бесплатна правна помош на следниот линк https://bit.ly/3kuevfR

*Активноста е дел од проектот Пристап до правда за најмаргинализираните кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т., финансиран од Европската Унија.