Одржани две онлајн обуки за правници и параправници

592

Во периодот од 03 до 13 ноември беа организирани две онлајн обуки за градење на капацитетите на 28 правници и параправници од 14 организации кои обезбедуваат бесплатна правна и параправна помош за граѓаните.

Целта на обуките беше зајакнување на знаењата и вештините на учесниците при користење на алатки за  прилагодување на комуникација со ранливите групи, обезбедување услуги, мотивирање/мобилизација на заедницата и застапување во време на криза, како и справување и превенција на прегорување (Burnоut).

This image has an empty alt attribute; its file name is 06.11-1-1024x461.png

Обуките беа организирани во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т., а финансиски е поддржан од Европската Унија.