Се реализираше Инфо-караванот: Правдата не е привилегија

Работата со заедниците, мора да произлегува и да се случува директно во заедниците. 

123


 Во периодот 23.09 – 02.10 се организираше Инфо-караван за промоција на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните и правната помош која во негови рамки се нуди. Инфо-краванот патуваше низ трите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени, секој работен ден во периодот од 11 до 14 часот, при што во неформален разговор граѓаните беа запознаени како и за кои проблеми можат да побараат помош и како да пристапат до правда за себе и за своите блиски.

„Е конечно некој и кај нас да дојде, а да не е политичка партија пред избори!“,
„Со години немам слушнато некој да дава правна помош на луѓето, а баш тоа најмногу ни треба. Проблеми имаме колку да сакаш!“
“Кај нас никој не доаѓа ни за лошо, а не пак за арно.Чекајте да им кажам и на другите дека вие сте тука.“

 

Вака го пречекуваа граѓаните Инфо-караванот, со интерес за промотивните материјали кои беа дистрибуирани и информациите кои со нив беа споделени.
Со оваа активност беа опфатени вкупно 843 лица во 10 населби/населени места од трите општини.

 

* Инфо-караванот се реализираше во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, со поддршка од Европската Унија.