Инфо-караван: Правдата не е привилегија

86

Проектот Пристап до правда за најмаргинализираните е насочен кон заштита на човековите права преку правно зајакнување и унапредување на пристапот до правда за најмаргинализираните групи на граѓани. Со цел поголем број на граѓани да се запознаат со активностите на проектот и начинот на кој можат да пристапат до правда за себе и за своите блиски, нашиот инфо-караван во текот на 8 работни дена ќе ги посети следните локации:
– 23.09.2020 – Прилеп, центар (кај Саат Кулата)
– 24.09.2020 – с. Обршани, о. Кривогаштани
– 25.09.2020 – Прилеп, нас. Тризла (кај Сокарата)
– 28.09.2020 – о. Долнени
– 29.09.2020 – с. Витолиште и околните села
– 30.09.2020 – о. Кривогаштани
– 01.10.2020 – с. Ропотово. о. Долнени
– 02.10.2020 – Прилеп, нас. Точила.

Изберете ја вашата најблиска локација и посетете нѐ!

* Проектот Пристап до правда за најмаргинализираните го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, со поддршка од Европската Унија.