Одржана работилница за креативен активизам

140

Во периодот од 11 до 13 септември, беше организирана креативната работилница за заедницата на сексуалните работници. На работилницата тие се запознаа со “Сѐ што некогаш сте сакале да знаете за аудио подкаст, а никогаш не сте се осмелиле да прашате”. 

Потточно за креативен активизам со подкаст како медиум за ширење порака и застапување. На работотилницата беа присутни 17 сексуални работници,а истата беше водена од Елеонора Стојановиќ и Пеѓа Радојевиќ.

Сексуалните работници имаа можност сами да артикулираат и пренесат пораки, за она што ги засега. Наскоро ќе чуеме дел од она што тие сакаат да ни го пренесат.

Оваа работилница е во рамки на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните”, кој го спроведуваат ФООМ, ХОПС, и Станица П.Е.Т., а е финансиран од Европската Унија.