ОДРЖАНА ТРОДНЕВНА ОБУКА ЗА ПАРАПРАВНИЦИ

778

Во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“, Здружението ЕСЕ одржа тродневна обука за параправници, на која присуствуваа претставници од граѓанските организации ИРИЗ, Романо Чачипе, КХАМ, Гласен текстилец, Хелсиншки Комитет, ХЕРА и ХОПС.

Оваа обука, која е четврта по ред, овозможи зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Параправниците, преку предавања од страна на обучувачите, пополнување на прашалници за проверка на знаењето, но и преку интерактивна дискусија на повеќе теми како што се – извори на правото и системот на државно уредување, семејно и наследно право, постапување со полиција, ОЈО и кривичен суд, семејно насилство како и феноменологија и законска рамка – го совладаа знаењето но и стекнаа дополнителни знаења кои ќе им се од помош во понатамошната работа.

Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на Мрежната стратегија за правно зајакнување.