Во периодот 22-25 јуни се одржа Онлајн школа за параправници преку која 12 учесници беа обучени за: местото и улогата на параправниците во Северна Македонија, права од социјална заштита, права од работен однос и права од земјоделска дејност.
Ова е една од циклусот обуки предвидени во периодот кој следи, во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ имплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Станица П.Е.Т. од Прилеп, а финансиран од Европската Унија.